
Програмот на хроно исхрана овозможува без голема мака и за кратко време да се научат принципите на здрава исхрана, правилен избор на намирници и добри комбинации на различни намирници, кои можат да се применат во секоја прилика, на училиште, на работа, дома, на одмор или службен пат.
Програмот не подразбира броење на калории, мерење намирници и одредување количина на храна, не постојат одредени листи на јадење, како ни зададени рецепти. Филозофијата на програмот е во тоа секој човек да добие знаење кое ќе биде основа за понатамошно живеење на здрав живот.Трите основни принципи на кои се базира програмот хроно исхрана се:
- Создавање на алкална средина во организмот (обезкиселување), затоа што закиселувањето предизвикува хронични воспалителни и дегенеративни заболувања (карциноми, инфаркт, шеќерна болест и сл.)
- Правилен временски распоред на дневните оброци. Задолжителни се три главни оброци во денот (појадок, ручек, вечера) со временско растојание од 4-6 часа меѓу нив, кога не треба да се внесува никаква храна. Дозволен е внес на вода и чаеви од билки (никако овошни).
- Глуциден индекс (ГИ). Брзината со која одредена храна го зголемува нивото на шеќерот во крвта (гликозата), односно примена на таканаречени спори шеќери, т.е. сложени јагленихидрати во исхраната.
Посебно е значаен по тоа што сите правила можат да се применат во семејството и што децата можат многу рано да се насочат кон целта да имаат долг и здрав живот.
Оние кои се заболени од најчестите современи болести на метаболизмот, во рок од 10-30 дена можат да ги намалат вредностите на холестеролот, триглицеридите и шеќерот.
Програмот има одредени правила и постојат барања кон кои мора да се придржува, а од друга страна рестрикциите се минимални и лесно се поднесуваат.
Предност на програмот на хроно исхрана е во тоа што никогаш не се јавува таканаречениот „јо-јо“ ефект (губење – враќање на тежина), а метаболните пореметувања трајно се решаваат.
Резултатите покажуваат 100% успех кај сите оние кои успеале да ги совладаат основите на физиолошки процеси.
Во рамките на нашиот центар за дијагностика ги извршуваме сите неопходни дијагностички процедури со цел да се утврди постоечката здравствена состојба, а потоа во тек на повеќемесечни консултативни прегледи и контроли го следиме постигнатиот резултат.
Со програмот нашиот тим на лекари и нутриционисти препорачува одредена комбинација на витамини, антиоксиданси, минерали и аминокиселини, исклучително според резултатите на целните дијагностички процедури, така што со овие протоколи се забрзуваат резултатите и се овозможува трајност на постигнатите ефекти.
No comments:
Post a Comment