Monday, May 4, 2015

Храна која ве држи сити подолго

Изедете кроасан или мала порција помфрит со диетален газиран сок и нема да мине долго време пред да почувствувате нескротлив глад, и покрај тоа што сте го нахраниле телото со голем број калории. Причината е едноставна – одредени јадења го стимулираат апетитот и налеваат бензин во огнот наречен глад.
Од друга страна, многубројни се намирниците кои го полнат желудникот и заситуваат долго време. Со вистинскиот избор на храна ќе внесувате помалку калории и ќе губите килограми без да се измачувате со строга диета.
1. Овесна каша
Овесната каша е одлична за енергичен почеток на денот. Бавно се вари во желудникот, давајќи му на телото енергија подолго време. Присуството на диетални влакна помага за одржување на здрав дигестивен систем, а постојат докази дека овесната каша влијае на нивото на хормоните кои го регулираат гладот.
Освен за регулирање на шеќерот во крвта, овесната каша помага за намалување на нивото на „лош“ холестерол и во превенирањето на кардиоваскуларни болести.
2. Јајца
Вклучете во појадокот две варени јајца и без проблеми ќе останете сити до ручекот. Полни со протеини, јајцата се добри сојузници во контролирањето на апетитот.
Многубројни истражувања покажуваат дека лицата кои за појадок консумираат јајца слабеат побрзо од лицата кои го започнуваат денот со бели печива.
3. Јаболка
Јаболката содржат многу вода
 и растителни влакна, кои подаруваат чувство на ситост. Одлични се за контролирање на гладот помеѓу големите оброци.
Во јаболкото има и пектин, кој го спречува драстичното покачување на шеќерот во крвта кое го активира гладот.

No comments:

Post a Comment